Трамп му даде ултиматум на Путин од 50 дена

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска најави испраќање оружје за Украина и се закани дека ќе воведе царини од 100% на Русија, доколку Москва во рок од 50 дена не се согласи на мировен договор – што претставува голем пресврт во политиката на Трамп, произлезен од неговото незадоволство од ставот на Москва.

Loading...

Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп „за подготвеноста да ја поддржи заштитата“ на украинските животи.

Украинскиот претседател ова го изјави во своето вечерно обраќање, откако Трамп објави дека продава оружје на НАТО за да ѝ помогне на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ќе игра клучна улога во испораката на американско оружје во Украина

Трамп исто така ѝ даде рок на Русија од 50 дена за да постигне примирје, во спротивно ќе се соочи со засилени санкции.

Зеленски истакна дека во Киев имал продуктивни разговори со специјалниот претставник на Трамп за Украина, Кит Келог.

Доналд Трамп изјави дека повеќе пати мислел оти постигнал договор со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина.

„Се враќам дома и ѝ велам на Првата дама: Имав одличен разговор со Владимир, мислам дека завршивме“, рече Трамп.

„Потоа пуштам телевизор, или таа ми вели: ‘Интересно, токму што бомбардирале дом за стари лица’“, продолжи Трамп, предизвикувајќи смеа кај присутните.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Писториус: Се подготвуваат два системи „Патриот“ за Украина

„Епа, тоа не ни се допаѓа“, додаде Трамп, кој повторно го пофали денешниот состанок со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, велејќи дека бил „одличен“.

Високиот руски функционер Константин Косачов порача дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за 100-процентни царини не влијаат на ставот на Москва.

„Тоа нас не нè допира ни најмалку“, изјави потпретседателот на Горниот дом на рускиот парламент.

„Ако тоа беше сè што Трамп имаше да каже денеска за Украина, тогаш целиот притисок испари“, додаде тој.

Косачов тврди дека Европа сега ќе „мора сè повеќе да плаќа“, бидејќи „бесплатниот ручек се покажал како замка“.

Дополнително, ја обвини САД дека се единствениот вистински добитник од новата политика, бидејќи профитира американската воена индустрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров се сретна со Си во Пекинг: Разговараа и за Украина и САД

„Украина може да продолжи да војува до последниот Украинец“, рече Косачов и заклучи: „За 50 дена, о, колку многу може да се смени – и на фронтот и во расположението на оние што донесуваат одлуки во САД и НАТО.“