Започна поставувањето нови клупи на градскиот плоштад во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Започна реконструкцијата на урбаната опрема на градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

– Поставување нова урбана опрема, односно клупи, во централното градско подрачје. Продолжуваме со активности за уредување на јавниот простор, објави Димитриевски.

 

 

Loading...

Инаку во рамки на проектот, како што претходно информираше градоначалникот ќе биде опфатена и замена на клупите кај паркот кај Спортската сала, а воедно ќе бидат реконструирани и фонтаните на двете локации.

 

 

– Реконструкција на фонтаните на големиот плоштад, исто така сите фонтани пред спортската сала и дополнително комплетната урбана опрема на градскиот плоштад и во рамки на оној мини парк пред спортската сала, компанијата изведувач е „Хидротек ДООЕЛ“ од Скопје, вкупен износ на проектот е 5,8 милиони денари“, изјави претходно Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожари денеска на две локации во Куманово и Липково

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...