Мотоциклист од Куманово тешко повреден при судир со камион и автомобил

Сподели со своите пријатели

Шеесетгодишен мотоциклист од Куманово се здобил со тешки повреди во сообраќајка со камион и автомобил на патот кон ГП Табановце.

Loading...

– На 11.07.2024 околу 18.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(48) од Куманово, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од А.Т.(38) од Р.Србија и мотоцикл „харли дејвидсон“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(60) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германец се обидел да влезе преку Табановце со куршуми и палка

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски