Четири пожари изгаснале кумановските пожарникари вчера

Сподели со своите пријатели

На четири локации вчера интервенирале кумановските пожарникари, информираат утринава од Регионалнито центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција била на запалена сува трева во круг на фабриката ФЗЦ. Таму интервенирале двајца пожарникари во период од 07:0 до 07:25 часот.

Кај месноста Прмакови ниви гореле сува трева и отпад од гуми и пластика. Таму интервенирале четворица пожарникари со две противпожарни возила.

Во атарот на селото Умин Дол гореле стрниште и сува трева. Тројца пожарникари интервенирале во период од 17:20 до 18:30 часот.

Запален смет горел ноќва во населбата Средорек. Во период од 01:00 до 01:45 часот интервенирале двајца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Mалолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли, полицијата го привела

Вчера еден пожар бил регистриран и на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Таму горела сува трева и ниска деградирана шума во селото Пелинце, поточно кај маалото Мишинци. Мештаните учествувале во гаснење на пожарот во период до 11:15 до 11:40 часот.

Никола Ивановски