Неделна прогноза за Куманово: Сончево, стабилно и топло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 18 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 36 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе има новогодишен базар: Oтворeн повик за излагачите

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време, но со мало замаглување. Ќе дува слаб до умерено засилен северен и североисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

И во среда ќе имаме сончево време со мало замаглување, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

Четврток повторно носи сончево време со замаглување. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а темпратурата ќе биде во интервал од минимални 15 до максимални 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КУД „Панче Пешев“ ги повикува поранешните членови заедно да одбележат 100 години постоење

 

 

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево време со замаглување и слаб до умерен југисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

Недела носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, а температурата ќе биде во интервал од 16 степени во утринските часови, до максимални 36 степени во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе има новогодишен базар: Oтворeн повик за излагачите

 

 

Следната работна недела ќе започне со топлотен бран и екстремно високи температури.

Никола Ивановски