Над 10.000 луѓе во Јапонија хоспитализирани минатата недела поради топлотен удар

Сподели со своите пријатели

Над 10.000 луѓе во Јапонија беа хоспитализирани минатата недела поради топлотен удар, што е двојно повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Јапонската агенција за управување со пожари.

Loading...

Повеќето од пациентите се над 65 години, објави јапонската телевизија NHK.

Според прелиминарните податоци, од 1 до 7 јули се регистрирани 10.048 хоспитализации, што е двојно повеќе од бројот на 4.665 случаи од претходната недела.

Околу 60 проценти од пациентите припаѓале на постарата популација, соопшти агенцијата.

Во исто време, јунските температури во Јапонија достигнаа највисоко ниво од почетокот на мерењата во 1898 година, објави Јапонската метеоролошка агенција, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција: Пожар во близина на Марсеј, 110 лица повредени

Метеоролозите велат дека топлотниот бран е резултат на постојаниот висок притисок над Пацификот, но предупредуваат дека климатските промени исто така придонесуваат за фреквенцијата и интензитетот на ваквите временски феномени.