Индија: Се урна дел од мостот над реката Махисагар, при што загинаа девет лица

Сподели со своите пријатели

Во округот Падра во индиската држава Гуџарат, рано утрово се урна дел од мостот Гамбира-Муџпур над реката Махисагар (Махи), при што загинаа девет лица, а тројца други беа повредени, а неколку возила паднаа во реката, објавија индиските медиуми.

Loading...

Структурата на мостот што ги поврзува регионите Ананд и Вадодара попушти за време на утринскиот шпиц, објавува делхиската телевизија NDTV.

Според првичните извештаи, четири возила, вклучувајќи два камиони, еден теренец и еден пикап, го преминувале мостот кога одеднаш се урна дел од конструкцијата.

Очевидци велат дека неколку моменти пред возилата да паднат во реката, се слушнало силно пукање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавенa драматичнa снимка: Хутите упаднаа на брод, го разнесоа и го потопија (ВИДЕО)

Месталното население тврди дека овој мост, клучна сообраќајница што го поврзува централен Гуџарат со Саураштра, долго време бил запоставен од службите за одржување на инфраструктурата.

„Мостот Гамбира стана познат не само како опасност во сообраќајот, туку и по самоубиствата. Повеќекратните предупредувања за неговата состојба беа игнорирани“, рече локален жител.

Противпожарни екипи, локалната полиција и административниот персонал од округот Вадодара брзо се упатиле кон местото на настанот и веднаш започнале спасувачки операции, јавува Танјуг.