Шведска ќе потроши скоро половина милијарда евра за муниција

Сподели со своите пријатели

Шведска потпиша договори во вредност од над 484 милиони евра со германскиот „Рајнметал“ и норвешкиот „Намо“ за набавка на артилериска муниција, објави Министерството за одбрана на таа земја.

Loading...

Министерот за одбрана Пал Јонсон изјави дека станува збор за „важна инвестиција во безбедноста на Шведска и НАТО“, нагласувајќи дека нарачката ќе ги зајакне одбранбените капацитети на Шведска, објави Ројтерс.

Договорот со „Рајнметал Денел Мунишн“, подружница на германската одбранбена компанија, е вреден повеќе од 347,8 милиони евра и вклучува артилериски гранати и погонски полнења за шведскиот артилериски систем „Арчер“.

Договорот со компанијата „Намо“, вреден неколку милиони евра, се однесува на испорака на високоексплозивни гранати со проширен дострел (HE-ER) калибар 155 милиметри, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири работници загинаа, а 22 се повредени во пожар во зграда на Телеком во Каиро