Трагедија во Италија: Се урна покрив на ресторан, девојка загина, 10 лица повредени

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а 10 се повредени, од кои тројца се во тешка состојба, при уривањето на покривот на ресторанот со Мишелин ѕвезда „Есенс“ во италијанскиот град Терачина, во покраината Латина, соопштија локалните власти.

Loading...

31-годишната Мара Северин, сомелиер и член на персоналот на ресторанот, која работела во внатрешноста на зградата во моментот на несреќата, починала.

Според информациите од веб-страницата на ресторанот, Северин услужувала гости со друг колега во моментот на несреќата.

Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот, кога покривот на ресторанот делумно се урнал додека внатре имало неколку гости, додека други седеле надвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина го проширува безвизниот режим за над 70 земји за да привлече туристи

Меѓу повредените имало вработени и гости, а сите биле пренесени во болницата Фиорини во Терачина.

Локалниот обвинител Џузепе Милијано отворил истрага. Според сведочењата, имало два одделни уривања.

Неповолните временски услови, вклучително и силниот ветер, се споменуваат како можна причина за несреќата, а целата покраина Латина беше под жолта временска тревога.