Во Прилеп и Долнени со членовите и симпатизерите на Движењето сесретнаа: потпретседателката на ЗНАМ, Весна Бендевска, членовите на Извршниот одбор, Ристо Николоски и Злате Мехмедовиќ, како и директорот на Центарот за комуникации и аналитика, Никола Мемов.
Средбите се одржаа во позитивна атмосфера во пресрет на локалните избори.
Стана збор и за неодамна одржаниот Втор Конгрес на партијата и отчетот на носителите на јавни функции од редовите на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во Владата на Република Македонија.
Потпретседателката на ЗНАМ, Бендевска особено се задржа на критериумите кои треба да ги исполнат кандидатите за советници. Таа потенцира дека тие мора да ги отсликуваат заложбите на партијата за чесно, отчетно и одговорно работење.
На средбите стана збор и за следните активности кои треба да се реализираат на терен, а со кои ќе се согледаат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, а се со цел, заедно со нив да се состави програмата и да се дефинираат проектите за настапот на претстојните локални избори.
Во Крива Паланка како дел од караванот ,,Со срце за нашата општина” беа Игор Филков, претседавач на Централниот одбор на ЗНАМ и членот на Извршниот одбор проф д-р Јасмин Циривири, како и пратеничката Даниела Белимова.
Тие во своите обраќања пред членовите на партијата говореа за државотворната и национална политика што ја води Движењето и ги потенцираа заложбите и целите за унапредување на општеството и Македонија во целина, како европска држава. Беше речено дека е потребно да се продолжи со европските интеграции, но не по секоја цена. Се разговараше и за други прашања од правната, здравствената и социјалната сфера.
Присутните членови на ЗНАМ ги посочија проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот, а беа дадени и предлози за проекти кои би можеле да бидат дел од програмата за локалните избори.
Стана збор и за активностите во предизборниот период за да се постигнат резултати кои ќе овозможат ЗНАМ да направи вистински и коренити промени во живеењето на граѓаните на Крива Паланка.
Караванот „Со срце за нашата општина” беше и во Брвеница и Врапчиште. Со членовите на партијата и со симпатизерите на ЗНАМ се сретнаа потпретседателот на Движењето, Борче Серафимовски и пратеникот Даниел Стојчевски.
На средбата се разговараше за активностите пред престојните локални избори. Стана збор и за критериумите за советници, кои треба да се со углед во средината и да се чесни, работливи и одговорни.
Во фокусот беше и програмата, која како што беше нагласено, мора да биде издржана и со проекти кои се реални и остварливи, а кои ќе придонесат во подобрувањето на квалитетот на живот на жителите од Врапчиште и Брвеница.