Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Сподели со своите пријатели

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека е отпочнат огласот за вработување на 400 нови пожарникари низ општините во државата.

Loading...

Тој ги охрабри сите граѓани кои се чувствуваат подготвени и мотивирани, да се пријават и да станат дел од системот за заштита и спасување, особено во пресрет на летниот период кога ризикот од пожари е највисок.

„Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени да влезат во овој процес,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи дека државата оваа година е значително подобро подготвена за справување со евентуални пожари.

Во претходниот период, противпожарните капацитети беа засилени со комплетна пренамена на стари полициски и армиски возила – како што се „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“ – во специјализирани противпожарни единици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За една седмица 691 возачи казнети за управување без возачка дозвола

Возилата беа технички прилагодени со нови резервоари со капацитет од 1,5 до 6 кубни метри, во зависност од статиката на самото возило, со што се избегнува изместување на тежиштето и потенцијално превртување.

На возилата беа вградени и пумпи со различен притисок и моќност, а преработката ја спроведоа инженери и општествено одговорни компании – без никаков финансиски товар за буџетот. Според премиерот, доколку едно вакво возило чини околу 400 илјади евра, со оваа иницијатива се заштедени неколку десетици милиони евра.

„Оваа единица, армиските и полициските хеликоптери, како и трите Ер Трактора – од кои еден веќе вратен од сервис, вториот се враќа неделава, а третиот до крајот на јули – се дел од нашата целосна подготвеност,“ додаде Мицкоски, потенцирајќи дека државата годинава е спремна да делува проактивно, наместо реактивно како што било во минатото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Никола Ивановски

Loading...