Неделна прогноза за Куманво: Драстична и нагла промена на времето!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозапден правец.

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени додека максималната дневна се очекува да достигне високи 37 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на своето семејство

Индексот на УВ зрачење ќе биде штетно по здравјето, односно со коефициент 10.

Од страна на УХМР за регионот на кумановско денеска е издадено портокалово предупредување за опасност од високи температури.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до засиелн ветер од југозападен правец кој на моменти ќе надмине брзина од 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 35 степени цезлиусови.

Loading...

Во среда ќе имаме драстична промена на временската состојба. Времето ќе биде сончево до умерено облачно, со умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе надминува брзина од 50 километри на час. Температурата ќе опадне нагло и ќе се движи во интервал од минимални 11 до максимални 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Четврток носи сончево време со умерен до засилен ветер од северен правец, чија брзина ќе надминува 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 25 степени целзиусови.

 

 

Петок носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската темепратура ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 27 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од 13 до 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставени контејнери за собирање на текстилен отпад во Куманово (ВИДЕО)

Во недела ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 33 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски