94 украински дронови соборени над Русија во текот на ноќта, нема жртви

Сподели со своите пријатели

Над територијата на Русија, во текот на ноќта беа соборени 94 украински дронови, а според првичните информации, нема жртви во нападите, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

Голем број беспилотни летала – вкупно 34 – беа неутрализирани над територијата на Воронежската област, а гувернерот на регионот, Александар Гусев, објави дека поради падот на делови од беспилотното летало, прекинати се далноводите и имало краток прекин на електричната енергија.

Оштетени се и покривот на приватна куќа и гаража, пренесува Интерфакс.

Во Саратовската област, станбени згради во Енгелс и Саратов беа оштетени по напад со беспилотни летала, објави шефот на регионалната администрација, Роман Бусаргин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Свадбата во Чеченија го шокираше Западот: Кадиров, малолетни младенци, оружје и злато

Според прелиминарните податоци, нема жртви.

Над територијата на Брјанската област беа соборени 11 украински беспилотни летала, девет над Белгородската и Саратовската област, осум над Новгородската област, шест над Курската област, три над Ленинградската и Орјолската област, по два над Ростовската, Смоленската, Рјазанската област и Чувашката Република и по еден над териториите на Московскиот, Пензенската и Тулската област, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува Танјуг.