ЗНАМ: Димитриевски го бранеше јавниот интерес и тогаш и сега ги застапува интересите на граѓаните

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на СДСМ, при што истакна дека одлуката на Обвинителството да се откаже од кривичниот прогон против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, е праведна и очекувана.

Loading...

Нивната реакција ви ја пренесуваме во продолжение:

„Очигледно е дека СДСМ во крајна безидејност и очајност во понудата на програмски решенија и проекти, во периодот пред почетокот на кампањата за следните локални избори ќе настапува со празни флоскули, лаги и манипулации.

Имено, за конкретниот случај сакаме да ја информираме јавноста дека сите судии и јавни обвинители кои службено биле инволвирани во предметот се избрани или именувани во времето на седум годишниот владин мандат на ДУИ и нивниот , зависен партнер, привезок СДСМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се затвора патот Кратово – Ранковце поради работи на тунел од Коридорот VIII

За разлика од зависноста што ја имаше СДСМ од ДУИ во водењето на Македонија кон амбисот, националната катастрофа и предавството од епски размери на државните интереси, Движењето ЗНАМ за наша Македонија е сам на своето, со свои автохтони политики, со одлука за самостоен настап на следните локални избори и рамноправен партнер со ВМРО-ДПМНЕ во Владата на Република Македонија.

За овој предмет правдата конечно излезе на виделина.

Пред претседателските избори во 2024 година Претседателот Димитриевски рече дека тоа е политички монтиран процес од страна на урбано-политичко бизнис спрега позната во општината.

Го бранеше јавниот интерес и тогаш и сега ги застапува интересите на граѓаните.

Loading...

Во текот на процесот помина низ долго патешествие и присуствуваше на секое рочиште пред судот, со сите опструкции од тогашната власт за време на кампањата за Претсетелските и Парламентарните избори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Караванот на ЗНАМ „Со срце за нашата општина“ ги посети Струга, Вевчани, Крушево, Струмица и Василево

Во таа судска постапка беа презентирани многу факти и аргументи во форма на докази од адвокатскиот тим кои ги побија обвинувањата и потврдија дека тој работел по закон, во заштита на јавниот интерес.

Во овој предмет Правдата победи!

Ја поздравуваме одлуката на Јавното обвинителство дека нема основа за кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и докази, да се повлече обвинението против градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

На СДСМ им препорачуваме, наместо главен фокус во нивното делување да им биде работата на Движењето ЗНАМ за наша Македонија,  да си се посветат на консолидација на сопствениот двор.

Како тргнале, се поставува прашањето на нивниот егзистенцијален опстанок после локалните избори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово во борба со дивите депонии, ќе се чисти и речното корито

Заглибени во минатото, со стариот начин на размислување и начинот на кој ја малтретираа Македонија и сите нивни граѓани цели седум години,  СДСМ не се во состојба да ја видат вистината и иднината.

Вистината е дека на вистинските социјалдемократи им се разјаснуваат штетните политики на раководствата на СДСМ, двоецот Заев-Филипче т.н златни дечки, кои после дебаклот што ќе го доживеат на локалните избори во првите седум дена потоа се спремни да емигрираат во Дубаи.

Loading...

И на крајот, да ја употребиме изјавата на нивниот градоначалник во Струмица.

Им посакуваме среќа во кампањата за локалните избори и да освојат барем една општина во Македонија.“