Караванот на ЗНАМ „Со срце за нашата општина“ ги посети Струга, Вевчани, Крушево, Струмица и Василево

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжи со своите активности под мотото „Со срце за нашата општина“, при што беа посетени општинските организации во Струга, Вевчани, Крушево, Струмица и Василево.

Loading...

Караваните ги предводеа потпретседателите генерал Павле Арсоски и Борче Серафимовски, организацискиот секретар Сашо Петрушевски, членовите на Извршниот одбор Виктор Јовановски и Ристо Николовски и пратениците Миле Цеков и Даниел Стојчевски.

На средбите во Струга и Вевчани потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски рече дека нивната цел е да се слушнат членовите и симпатизерите, но и граѓаните и да се направи најдобрата изборна програма, која ќе биде реална и остварлива.

Во изјавата за медиумите Арсоски нагласи дека е започнат процесот на составување на советничките листи.

„Во изминатиот период започнавме и процес на составување на листи за советници во сите општини каде што имаме општински организации, а таму каде што немаме, ќе распишеме јавен повик за заинтересирани коишто би настапиле под знамето на Движење ЗНАМ. Нашите листи ќе бидат со најдобрите кандидати, а ќе имаме реална, конкретна и остварлива програма.“, рече Арсоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се затвора патот Кратово – Ранковце поради работи на тунел од Коридорот VIII

Тој се задржа и на одржаниот Втор Конгрес на Движењето на кој беа избрани органите и телата на партијата со мандат од четири години и потенцира дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која постојано расте, како со членство, така и со нејзината инфраструктура.

Арсоски нагласи дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија по одржувањето на локалните избори ќе има советници во сите општини каде што ќе настапи со свои советнички листи.

Во рамките на караванот “Со срце за нашата општина” беа посетени  и Струмица и Василево, каде што потпретседателот Борче Серафимвски и пратениците Миле Цеков и Даниел Стојчевски  разговараа со присутните сопартијци за клучни прашања поврзани со натамошниот развој и позиционирањето на партијата.

Loading...

Потпретседателот на ЗНАМ, Борче Серафимовски рече дека во изминатиот период, партијата постигна значаен напредок преку развојот на својата структура на терен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владата со препорака: Бремените жени и постарите од 60 години да се ослободат од работа

„Посебно внимание беше посветено на основањето на општинските организации, како темел на идното делување. Активностите за проширување на членската база и едукација на новите кадри продолжуваат со интензивно темпо“, додаде тој.

 

 

Се анализираше моменталната позиција на партијата ЗНАМ во рамки накоалицијата, со фокус на зајакнување на партискиот интегритет.

Презентирани беа предлози за конкретни стратегии и акциски планови, со цел градење на самостоен, кредибилен политички субјект во јавноста На средбата се разговараше и за претстојните локални избори за кои веќе се започнати активности за идентификација и анализа на потенцијалните кандидати за советници.

Беше нагласено дека листите мора да бидат составнеи од соодветни кадри кои ќе ги исполнат основните критериуми за избор на кандидати за советници, а кои вклучуваат: локален углед, ангажман во заедницата, професионална способност, етички вредности и лојалност кон принципите на партијата, со цел добивање на легитимна и силна поддршка од граѓаните.

Loading...

Воедно се разговараше за процесот на креирање на локална развојна програма за Струмица и поширокиот регион, која ќе се базира на реални потреби на граѓаните, одржливи проекти и иновативни решенија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Димитриевски го бранеше јавниот интерес и тогаш и сега ги застапува интересите на граѓаните

Вопроцесот ќе бидат вклучени локални експерти, граѓански организации ипретставници од бизнис заедницата.

Организацискиот секретар, Сашо Петрушевски и Ристо Николовски, членот на Извршниот одбор, во рамките на караванот „Со срце за нашата општина“ ги посетија Крушево и Демир Хисар, каде што со граѓаните ја споделија визијата и резултатите на политичкото делување на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.

Тие ги пренесоа пораките од Отчетот на носителите на јавни функции од редовите на ЗНАМ во извршната власт, како и ставовите и насоките на највисокото раководство на партијата и претседателот Максим Димитриевски.

„Нашата заложба останува јасна – транспарентно работење, одговорност пред граѓаните и вистинска промена на начинот на кој се води државата. Благодарност до сите граѓани кои не пречекаа со отворено срце, – рече организацискиот секретар Петрушевски и додаде – Заедно ја градиме Македонија каква што заслужуваме.“