Во украинскиот напад едно лице загина во Русија, големи воздушни напади врз Киев

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице е убиено синоќа во напад со украински дронови во Ростовскиот регион, во јужна Русија, изјави регионалниот гувернер, а украинските власти објавија дека најмалку 23 лица се повредени во руските напади врз Киев.

Loading...

„Окрузите Азов, Милеровски и Тарасовски беа нападнати со беспилотни летала во текот на ноќта“, напиша вршителот на должноста гувернер на Ростовскиот регион Јуриј Сљусар на Телеграм.

Русија лансираше 550 беспилотни летала и ракети кон Украина преку ноќ, тврдат руските воздухопловни сили, а тој напад во моментов е најголемиот од почетокот на војната со Украина.

Во селото Долотинка, во Милеровскиот округ, беспилотно летало се урна во двокатна станбена зграда и уби пензиониран наставник, рече Сљусар, додавајќи дека во други напади е предизвикана материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија тврди дека Русија ја зголемила употребата на хемиско оружје во Украина

Украинците утрово со беспилотни летала го погодија и Московскиот регион, каде што едно лице е полесно повредено.

Министерството за одбрана на Русија објави дека армијата пресретнала и уништила 48 украински беспилотни летала во текот на ноќта.

Властите во Киев објавија дека најмалку 23 лица се ранети во руските напади врз неколку области на градот синоќа, од кои 14 се хоспитализирани.

Украинската одбрана собори 270 авиони, а руската војска успешно погоди осум цели, вклучувајќи станбени згради.

Loading...

Според украинските железници, Русите ја бомбардирале и оштетиле железничката инфраструктура во западниот дел од градот, поради што сообраќајот бил пренасочен.