Во рамки на теренските активности под мотото „Со срце за нашата општина“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вчера беше во работна посета на општинските организации во Штип, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Велес, Илинден, Центар и Кисела Вода.
Караваните ги предводеа, генералниот секретар Горан Миинчев, потпретседателката Весна Бендевска, организацискиот секретар Сашо Петрушевски, како и Мирослав Лабудовиќ, претедател на Градската организација Скопје.
Во Штип, градот кој е симбол на знаење, труд и истрајност во источниот регион, посетата ја предводеше Горан Минчев, генерален секретар на ЗНАМ, заедно со членови на раководството, локални координатори и активисти.
Средбата се одржа во атмосфера на доверба, со отворен дијалог со граѓани, стопанственици, млади луѓе, пензионери и претставници на различни сектори.
Се разговараше за конкретни проблеми, од сообраќајната и урбаната инфраструктура, преку состојбата во образованието и здравството, до младинската иселувачка криза и потенцијалот за локален економски раст.
„Граѓаните не сакаат празни ветувања, сакаат да видат резултати. Токму затоа сме тука, да слушаме, да забележиме, и веднаш да реагираме со конкретни политики и решенија“ – истакна Минчев и додаде:
„Движењето ЗНАМ останува доследно на својот пристап, блиску до народот, на терен, со разбирање, почит и акција. Она што граѓаните го кажаа во Штип, веќе станува дел од нашата стратегија за понатамошно дејствување. Штип покажа зрелост, визија и храброст да бара промени. Ние сме тука да ги реализираме тие очекувања, со план, со срце, со работа“.
И во Свети Николе се дискутираше за локалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, од областа на инфраструктурата, јавните услуги, младинските политики.
Во Велес Караванот „Со срце за нашата општина“ беше предводен од потпретседателката на ЗНАМ, Весна Бендевска, заедно со Никола Мемов, директор на Центар за комуникации и аналитика на Движење ЗНАМ и д-р Злате Мехмедовиќ, член на Извршниот одбор.
„Движењето ЗНАМ уште еднаш покажа дека со интегритет, стручност и посветеност, Македонија може да чекори напред – обединета, сигурна и достојна“, рече Бендевска пред присутните.
На средбата беа разменети мислења за подготовката на кандидатските листи за советници на Движењето ЗНАМ, како и за изборната програма за настапот на следните локални избори.
Во рамките на Караванот беше посетена и Општинската организација на Илинден каде што ги информираа членовите за одлуките на Вториот Конгрес на партијата, отчетноста на носителите на јавни функции од редовите на Движењето ЗНАМ, а дадоа насоки околу критериумите за составување на кандидатските листи за советници во општина Илинден.
Организацискиот секретар на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Сашо Петрушевски го предводеше Караванот во Општинските организации во Гевгелија и Демир Капија, каде што беше заедно со членот на Извршниот одбор Ристо Николоски.
Петрушевски во разговорите рече дека одлики на членовите на ЗНАМ се чесноста, одговорното работење и посветеноста во остварувањето на интересот на граѓаните на Македонија.
„Ја пренесовме политичкта порака на претседателот Димитриевски – Ова не е само доверба. Ова е императив дека ќе продолжиме да ја водиме Македонија, не со калкулантсво и пазарење, туку со чесност, државотворност и непоколеблива посветеност кон народот“, рече Петрушевски.
Во општинските организации во Центар и Кисела Вода, караванот „Со срцеза нашата општина“ го предводеше претседателот на Градскатаорганизација, магистер Мирослав Лабудовиќ, а беа присутни и членовите наградскиот одбор – ректорката на Европскиот Универзитет, проф. д-рБилјана Андреска Богдановска, поранешниот началник на Генералштабот,г-дин Горанчо Котески и легендарниот капитен Љупчо Марковски Калц.
На средбите се разговараше за предлози и идеи кои ќе придонесат во надминувањето на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Исто така се раговараше и за начините со кои ќе се придонесе во развојот и напредокот на Центар и Кисела Вода, а во насока на подобрување на квалитетот на урбаното живеење.
Претседателот на градската организација, Лабудовиќ истакна дека ЗНАМ е партија која е со народот и за народот и дека решавањето на проблемите во општеството и подобрувањето на животот на секој поединец е водилката за неговото дејствување и постоење.
„Вашето активно учество е од клучно значење за креирање на политики кои директно ги засегаат граѓаните и ќе помогнат секој да го даде својот максимум во создавањето на Македонија како пожелно место за живеење“, рече Лабудовиќ.