Куманово е единствената општина во државата што преку сопствено јавно претпријатие обезбедува бесплатен превоз за спортисти на локално и државно ниво.
Ова го истакна градоначалникот Максим Димитриевски на седница на Советот на Општина Куманово.
– Општина Куманово е единствената општина што преку своето јавно претпријатие „Куманово Паркинг“ организира бесплатен јавен превоз не само на локално, туку и на државно ниво за сите свои спортски клубови, рече Димитриевски.
Тој појасни дека оваа услуга функционира и покрај ограничените капацитети, благодарение на вклученоста на самата општина во обезбедувањето на персоналот и поддршката за реализација.
– Им е определен скромен буџет да ги покриваат трошоците, бидејќи немаат возачи – позајмуваат возачи од општината – и ги транспортираат бесплатно нашите спортисти низ цела Македонија, да бидат во можност да учествуваат во сите клупски натпревари, додаде градоначалникот.
Според Димитриевски, оваа практика покажува директна поддршка кон спортистите и нивното учество на натпревари насекаде низ државата, без дополнителен товар за клубовите.
Никола Ивановски