Две лица биле приведени, од кои едно малолетно, под сомнение дека нападнале и ограбиле 85-годишен кумановец.
Loading...
– На 01.07.2025 гoдина во 19.00 часот полициски службеници ги лишиле од слобода М.И. (33) и еден малолетник, затоа што на улицата „Перо Тошев“ во Куманово го нападнале С.И. (85) и му одзеле пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски