Општина Куманово предлага да продолжи бесплатниот превоз, Советот одлучува утре

Loading...
Сподели со своите пријатели

Општина Куманово предлага да се продолжи одлуката за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници.

Советот на Општина Куманово утре треба да дебатира и да донесе одлука за предлогот.

Кон крајот на минатата година Советот донесе одлука бесплатниот превоз за граѓаните да важи до почетокот на јули.

Сега се предлага измена на таквата одлука со што мерката би била продолжена наместо за првите шест, за првите десет месеци од годината.

– Во Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово” бр.14/2024), членот 4 се менува и гласи: За субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници Општина Куманово од Буџетот на Општина Куманово ќе издвои 62.500.000,00 денари со ДДВ за период од 10 (десет) месеци почнувајќи од 01.01.2025 год. заклучно со 31.10.2025 година, стои во предлог одлуката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест пожари изминатото деноноќие низ кумановско

Како што стои во образложението на предлог одлуката, до ден денес интересот за линискиот превоз се уште е голем, а со мерката се предвидува да се ублажи економската криза.

– Од почетокот на донесување на Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово до денес интересот од страна на граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз сеуште е голем, па според тоа субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општината ќе продолжи и во следните 4 (четири) месеци од 2025 год. Општина Куманово од буџетот одлучи да издвои средства за период уште од 4 (четири) месеци заклучно со 31.10.2025 год. за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на Општина со што би се ублажила економската криза за сите учесници во општинскиот линиски превоз, стои во образложението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се прошируваат гаражите на ТППЕ Куманово, доаѓа современо противпожарно возило

Се предлага продолжување и на мерката за бесплатен превоз на патници меѓу општините Куманово и Старо Нагоричане.

Loading...

Седницата на која ќе се носат одлуките ќе се одржи утре со почеток во 10 часот во просториите на поранешен комитет, а освен овие, на дневен ред ќе се најдат вкупно 30 точки, меѓу кои и голем број финансиски извештаи на повеќе јавни претпијатија и институции.

Никола Ивановски