Обиен и ограбен салон на мобилен оператор во Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Непознати сторители ноќва разбиле салон на мобилен оператор во Куманово при што украле мобилни телефони.

– Денеска (28.06.2025) во 03.45 часот во СВР Куманово е пријавено дека во периодот од 02.00 до 03.45 часот во продажен салон на мобилен оператор во Куманово, било скршено стаклото од влезната врата, при што се одземени неколку мобилни телефони, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пред два дена телфони беа украдени од продажен салон во градот, при што беше приведен осомничен 38-годишник од Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени возачи од Куманово кои ноќва возеле пијани

Дали двата случаи се поврзани засега е непознато.

Никола Ивановски