Хорор во метро: Маж запали вагон полн со патници (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Шест лица беа повредени кога маж истурил запалива течност и предизвикал пожар во вагон на метрото.

Инцидентот се случил на 31 мај во Сеул, а сега канцеларијата на државниот обвинител на Јужна Кореја објави видео од инцидентот.

Видеото јасно го покажува моментот кога мажот ја истурил запаливата течност.

Според Би-Би-Си, шест лица се повредени, главно поради вдишување чад и затоа што се обиделе да избегаат од пожарот.

Полицијата уапси 67-годишен маж, кој сега е официјално обвинет за обид за убиство и палење.

Мотивот за нападот сè уште не е објавен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Подгответе залихи со вода и храна“: Оваа европска земја ги советува луѓето како да се подготват за војна

 

Loading...