Loading...
Две куќи на две различни локации вчера биле зафатени од пожар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Една од куќите е лоцирана на улицата „Пионерска“ каде во период од 16:50 до 18:40 часот на терен интервенирале шестмина пожарникари со две противпожарни возила.
Во атарот на село Пчиња се запалила кровна конструкција каде во период од 13:50 до14:45 часот интеервенирале тројца пожарникари.
На улицата „Народна револуција“ вчера горела сува трева во период од 14:15 до 15:25 часот. Интервенирале тројца пожарникари.
Во населбата Средорек пак горела сува трева и смет. Во ериод од 09:30 до 10:20 интервенирале двајца пожарникари.
Loading...
Никола Ивановски