Шпанскиот премиер: Нема смисла што воведовме санкции за Русија, а за Израел ништо

Loading...
Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека денес на самитот на Европската Унија ќе побара од ЕУ да го суспендира договорот за трговски односи со Израел, бидејќи таа блискоисточна земја ги крши човековите права во Палестина, со што не го почитува членот од договорот.

Во Брисел, во пресрет на почетокот на состанокот на Европскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави или влади на 27-те земји-членки на ЕУ, Санчез им се обрати на новинарите.

„Високиот претставник на ЕУ за безбедност и надворешна политика, Каја Калас, доби увид во извештајот на известувачот за човекови права, каде што се вели дека е можно Израел да го прекрши вториот член од договорот што ЕУ го има со Израел, кој е поврзан со човековите права“, рече Санчез.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сирски: Украина го запре рускиот напредок во северниот Сумски регион

„Верувам дека е повеќе од видливо дека Израел го крши членот 2, па затоа денес ќе се залагам во рамките на Европскиот совет Европа да го суспендира договорот со Израел. Ова мора да се случи веднаш“, додаде тој.

Шпанија ја призна Палестина минатата година

Правната основа за трговските односи на ЕУ со Израел е Договорот за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, кој е во сила од јуни 2000 година.

Тој договор ја воспостави правната и институционалната рамка за политички дијалог и економска соработка.

Член 2 утврдува дека почитувањето на човековите права и демократските принципи е „суштински елемент“ на договорот.

„Нема смисла што воведовме 18 пакети санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина и Европа, и дека поради двојни стандарди не сме во можност да суспендираме еден трговски договор кога е толку очигледно дека Израел го крши Член 2 од договорот“, рече Санчез.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп повика на откажување на судењето на Нетанјаху за корупција

Шпанскиот социјалист забележа дека министрите за надворешни работи на сите 27 земји го добиле извештајот на известувачот за човекови права за „катастрофалната ситуација на геноцид извршен во Појасот Газа“.

Минатата година, Шпанија ја призна државата Палестина во границите од 1967 година, на што Израел реагираше со повлекување на својот амбасадор од Мадрид.

„Шпанија е суверена држава“

Санчез денес повтори дека неговата земја има намера да издвои 2,1 процент од БДП за вооружување, а не 5 проценти како што најави НАТО на состанокот на неговите членки во Хаг еден ден претходно.

На прашањето на новинар дали е „загрижен за заканата“ што му ја испрати американскиот претседател Доналд Трамп, незадоволен што Шпанија не сака да ги удвои трошоците за оружје во следните десет години, Санчез одговори дека Шпанија е солидарна и посветена на соработка со земјите од НАТО алијансата, но е и суверена земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француската армија пресретнала дронови лансирани од Иран кон Израел

Трамп еден ден претходно изјави дека лично ќе преговара за трговски договор со Шпанија, кој ќе ја принуди Шпанија да „плаќа двапати“ за оружје.

„Јасно е дека трговската политика во Европската Унија е водена од Брисел. Ние сме во царинска унија на единствен пазар, а трговската политика ја преговара Брисел во име на сите земји-членки“, им рече Санчез на новинарите.

Тој потсети дека откако Трамп воведе царини за европски производи, Европската комисија конструктивно преговара со американската администрација со цел да воспостави нови трговски правила.

Loading...

Со помирувачки тон, тој потврди дека Шпанија е отворена земја и пријател на своите пријатели.

„Ги сметаме САД за пријател на Шпанија“, рече тој.