Експлозија во касарна во Германија: Загина 26-годишник!

Loading...
Сподели со своите пријатели

За време на работа на тенк во касарна во Долна Саксонија, Германија, се случи ненадејна експлозија во која 26-годишен маж претрпел смртоносни повреди.

Трагедијата се случи во среда наутро, на теренот на касарната „Niedersachsen“ во округот Целе, соопшти полицијата.

Во инцидентот нема други повредени лица, пишува focus.de.

Според досегашните информации, несреќата се случила за време на работи за одржување на воено возило.

Повредениот маж бил вработен во приватна компанија која се занимавала со такви работи.

Причината за експлозијата сè уште е непозната.

Полицијата започна истрага, но засега не може да даде повеќе детали за точниот тек на настаните и причината за трагедијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп се фалеше кои војни успеал да ги спречи, па рече: „Србија се подготвуваше да тргне“