Ова утринава беше најжешкиот град во Европа, најстудениот е во Норвешка со минус 2

Loading...
Сподели со своите пријатели

Најжешкиот град во Европа утрово беше Ајдин во Турција, каде што беа измерени 40,6 степени целзиусови според Огимет, интернет страница која собира и обработува метеоролошки информации од интернет, додека најжешкиот во светот беше во Кувајт, 49,6 степени.

Други шест турски градови се меѓу десетте најжешки во Европа – Килис (40,3), Анталија (цела област, 40,2), Маниса (40,2), Дикили (40), Батман (39,9) и Кахраманмараш (39,8).

Меѓу најжешките градови утрово се Лефконико на Кипар каде што беа измерени 40,6 степени, Каспе-Плана дел Пилон во Шпанија со 40,1 степен и Клермон во Франција со 39,8 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во напад на забава во Мексико убиени 12 лица, сè беше пренесувано во живо на Фејсбук

Од друга страна, најстуденото место во Европа утрово беше во Норвешка, минус 2,3 степени беа измерени во Консоја.

Меѓу првите десет места, претежно градови од Норвешка и Шведска се во негатива.

Во светот, најтопло утрово беше во Кувајт, 49,6 степени, Оман и Пакистан, а најстудено на Антарктикот – минус 70,9 степени.

Црвен метео аларм во неколку италијански градови поради екстремна топлина

Италија беше погодена од силен топлотен бран, а градовите Болоња, Болцано, Бреша, Фиренца, Перуџа и Торино денес беа под црвен метеоролошки аларм, додека врвот на топлотниот бран се очекува да се случи во текот на викендот.

Министерството за здравство на Италија соопшти дека бројот на градови под највисоко ниво на тревога ќе се искачи на 13 во петок.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаос во Кенија: Осум мртви на протест против владата и полицијата

Во недела, во Фиренца, Ферари и Терни, се очекува температурата да достигне дури 40 степени Целзиусови во сенка, изјави метеорологот Антонио Сано, а во Милано и Рим се прогнозираат 39 степени, пренесува италијанската новинска агенција ANSA.

„Максималната температура би можела да ги надмине историските рекорди забележани дури и за време на познатиот топлотен бран од 2003 година, а по нив ќе следат тропски ноќи со минимална температура над 20 степени“, рече Сано, основач на метеоролошкиот портал iLMeteo.it.

Според прогнозите, низ цела Италија се очекуваат минимални температури од околу 25 степени и максимални температури до 40 степени, како на југот, така и во централниот и северниот дел од земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун отвори летно одморалиште со тобогани и базени. „Најголемо достигнување на годината“ (ВИДЕО)

Антициклонот што доминира во Италија, како што изјави Сано, ќе трае најмалку десет дена, со првиот температурен врв денес, 26 јуни, вториот, поизразен, во недела, 29 јуни, додека мало заладување се очекува дури по среда, 2 јули.

Црвениот аларм значи температура што претставува опасност не само за хронично болните и постарите лица, туку и за целосно здравите луѓе.