Во напад на забава во Мексико убиени 12 лица, сè беше пренесувано во живо на Фејсбук

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во напад на забава во Мексико, 12 лица беа убиени, објавува „Кронен Цајтунг“.

Гостите танцувале на жива музика кога вооружените лица отвориле оган.

Според локалните медиуми, неколку лица биле повредени, вклучувајќи и едно дете.

Нападот се случил завчера во градот Ирапуато, кој се наоѓа во централниот дел на Мексико, соопшти полицијата.

Мотивите за нападот сè уште не се познати.

„Истрагата е во тек“, изјави претседателката Клаудија Шајнбаум.

Забавата се одржувала на отворено и се емитувала во живо на Фејсбук кога напаѓачите пристигнале и отвориле оган, објави весникот „АМ“.

Во времето на нападот, бендот свирел, додека гостите танцувале. На забавата имало и деца, а според медиумите, меѓу повредените имало најмалку едно дете.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Виетнам ја укинува смртната казна и воведува доживотен затвор за овие осум прекршоци

Ирапуато, град со околу 660.000 жители, се наоѓа приближно 330 километри северозападно од Сиудад де Мексико, во државата Гуанахуато.

Регионот со години е погоден од насилство предизвикано од нарко-картели и други криминални групи, објавува Index.hr.