Утре ќе се задржи многу топло време низ Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од УХМР.
Денеска времето низ државата ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне во западните делови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен.
Никола Ивановски