Израел објави фотографија од иранска ракета. „Истрелана е по примирјето“ (ФОТО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Амбасадата на Израел во Обединетото Кралство објави фотографија од остатоците од ракета за која тврди дека била испукана во северен Израел за време на прекинот на огнот со Иран.

„Ова е ракета испукана кон северот на Израел – не за време на војната, туку за време на таканареченото примирје“, се вели во објавата на официјалниот профил на платформата X.

„Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице како терористичка држава и закана за регионот“, се додава во соопштението.

Израелските одбранбени сили претходно објавија дека најмалку една ракета била испукана од Иран неколку часа по почетокот на прекинот на огнот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјите од Блискиот Исток повторно го отвораат својот воздушен простор

Иран го негираше ова, тврдејќи дека не извршил никаков напад откако прекинот на огнот стапи на сила. Израел најави жесток одговор на Иран.