Loading...
Иран ја проценува штетата предизвикана врз нуклеарните постројки по серијата израелски и американски воздушни напади што ги таргетираа главните нуклеарни постројки на Иран, изјави денес шефот на нуклеарната програма на Иран, Мохамед Еслами, објавија денес иранските државни медиуми.
Според него, Иран презема мерки за обновување на својата нуклеарна индустрија, пренесува Ројтерс.
„Планот е да се спречат прекини во процесот на нуклеарно производство и услуги“, рече Еслами.