Израелската влада објави дека се согласила со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот.
Канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе одговори „силно“ на секое кршење на примирјето со Иран.
Во соопштението се додава дека Израел ја постигнал својата цел за елиминирање на нуклеарната и балистичка закана од Иран и му се заблагодарил на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата „поддршка и учество во одбраната“ во тоа.
Израелскиот лидер ќе даде изјава подоцна денес.
Доналд Трамп рано утрово објави дека Израел и Иран ќе постигнат целосно и тотално примирје, кое во следните дваесет часа ќе се претвори во целосен крај на војната.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека нема „договор“ за никаков прекин на огнот меѓу Израел и Иран, но додаде дека ако Израел ја запре својата „нелегална агресија“ против иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по техеранско време денес, Иран нема намера да продолжи со својот одговор после тоа.