Од полноќ ново поскапување на горивата

Loading...
Сподели со своите пријатели

Цените на горивата од утре ќе бидат повисоки, откако Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Северна Македонија донесе нова одлука за нивна корекција.

Според најновите пресметки, просечното зголемување изнесува околу 2 проценти во однос на претходната одлука донесена во петокот.

Иако минатата недела дизелот поскапуваше трипати по ред, сега порастот ги зафаќа и бензините. Според денешната одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,5 денар по литар, дизелот ќе биде поскап за 1 денар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 2 денари повеќе по литар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица натепале таксист од Куманово и не му платиле за услугата

Зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните котации на нафтените деривати на светскиот пазар. Според податоците, бензините забележале пораст од 6,182%, дизелот од 2,172%, а ЕЛ-1 од 6,442% во однос на минатата пресметка.

Новите малопродажни цени што ќе важат од 24 јуни 2025 година, од 00:01 часот, се следните:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 77,5 денари/литар

ЕУРОСУПЕР БС-98: 79,5 денари/литар

Дизел: 73 денари/литар

Loading...

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 72 денари/литар

Мазут: 41,687 денари/килограм

Од Регулаторната комисија истакнуваат дека овие се максималните дозволени цени, а трговците имаат можност да ги понудат дериватите и по пониска цена од пропишаната.