Со 27 проекти вредни 800 милиони денари аплицираше Општина Куманово на владиниот повик

Loading...
Сподели со своите пријатели

Со вкупно 27 проекти „тешки“ околу 800 милиони денари, односно околу 13 милиони евра, аплицирала Општина Куманово на вториот владин повик за средствата од унгарскиот кредит.

Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, очекуваат да бидат одобрени сите проекти и дека станува збро за рекорден изно

– Ова е еден рекорден износ на средства кој со право можам да кажам за овие 7 и пол години како сум градоначалник, Општина Куманово има можност да аплицира за еден ваков висок износ на средства и вакво нешто се нема случено во минатото да добиеме можност да реализираме согласно сите овие апликации една реална голема капитална развојна програма за градот, рече Димитриевски.

 

 

Проектите за кои аплицирала општината се за реконструкција на улици, гасификација, инвестиција во Спортската сала, изградба на детска градинка, реконструкција на Домот за стари лица…

ПРОЧИТАЈТЕ И:  40-годишници од Ваксинце се тепале на плоштадот во Куманово

– Со овие 27 проекти со приближна проценета вредност од 895 милиони денари по проектнатски цени аплицирнао е на повикот на владата кој согласно методологијата на распределба на средства на Општина Куманово ѝ дозволува да аплицира со износ од 806 милиони денари,  а останатите средства, ако овие проекти бидат прифатени би биле надополнети од нашиот буџет, рече градоначалникот.

Loading...

На листата проекти се:

– Реконструкција на улица „425“ во населбата Иго Тричковиќ,

– Изградба на дел од улици „722“, „723“ и „716“ во м.з. Перо Чичо, локалитет Гладно поле.

– Изградба на дел од улица „716“ и „719“ исто така во Перо Чичо, Гладно поле.

– Изградба на дел од улици „717“, „725 во Перо Чило – Гладно поле.

– Изградба на улица АВНОЈ со четири крака.

– Реконструкција на дел од улица „600“ од кумановска бања до урбана единица Перлинци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температури и до 37 степени

– Изградба на гасоводна мрежа со траса од улица „11 Ноември“ до основно училиште „Толи Зордумис“, улица „АВНОЈ“ со „Видое Смилевски Бато“, дел од улица „Народна Револуција“, улица „Доне Божинов“ до населба Карпош, улица „Тоде Думба“, улица „Никола Тесла“,  улица „Драган Стопаревиќ“.

Loading...

– Изградба на гасоводна мрежа на улица „Горно Милановачка“ и  улица „Вареждинска“.

– Реконструкција на улица „Индустриска“.

– Фаза партерно уредување, реконструкција на спортска сала и изградба на систем за ладење и греење.

– Фаза електрика, фотоволтаици, реконструкција, односно изградба на фотовоолтаичен систем на Спортската сала.

– Реконструкција на дел од Домот за стари лица „Зафир Сајто“.

– Изградба на детска гадинка во населба Гоце Делчев, Зелен рид.

– Ееконструкција на дел од улица „715“ во Гладно Поле.

– Реконструкција на дел од улица „Благоја Думановски“ во населбата Перо Чичо.

Loading...

– Изградба на нов мост на Крива Река во село Довезенце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица натепале таксист од Куманово и не му платиле за услугата

– Рекнструкција на улица „Киро Фетак“ и крак од „Киро Фетак“.

– Реконструкција на дел од улица „Веселин Вујовски“, „Карадарчки Одреди“ со „Есперанто“.

– реконструкција на дел од улица „Васко Карангеловски“.

– Реконструкција на улица „Бајрам Шабани“.

– Реконструкција на градска капела на градските гробишта.

Loading...

– реконструкција на водоводна мрежа на „11 Октомври“ од улица „Гоце Делчев“ до улица „4 јули“.

– Реконструкција на фекална канализација на улица „11 Октомври“ од улица „Гоце Делчев“ и улица „Сава Ковачевиќ“ се до центарот на градот.

– Основен проект за реконструкција на основно училиште „Кочо Рацин“ или комплетна реконструкција на ова основно училиште.

– Реконструкција на училиштето „Вера Которка“ во село Клечовце.

– Реконструкција на локален пат од крстосување со постоечки пат Куманово – село Пчиња па се до село Еомановце до асфалтната база.

Loading...

Никола Ивановски