Нападната американска база во Сирија

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американска воена база во Сирија беше цел на минофрлачки напад, јавува иранската новинска агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори.

Агенцијата наведува дека информирани извори рекле дека нападот е извршен врз американската база лоцирана во западниот дел од сириската покраина Хасака.

Станува збор за американската база Касрак, која има најдолга писта изградена од американските сили во Сирија, долга околу 1,7 километри.

„Силите се ставени во состојба на готовност“

По нападот, според истите извори, на главниот влез во базата биле воведени зголемени безбедносни мерки.

Според изворите на арапската новинска агенција Ал Малома, инцидентот се случил утрово кога зградата била нападната со минофрлачка граната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вашингтон пост: Како Израел ги лажеше САД со години?

Се наведува дека во моментов нема информации за тоа кој ја испукал или од каде дошла.

Се тврди дека по гранатирањето, американскиот контингент стациониран во базата бил ставен во состојба на висока готовност, биле подигнати неколку американски хеликоптери, а американските војници ја пребарале областа околу објектот.

 

Loading...