Растат цените на нафтата: Достигнаа највисоко ниво во последните 5 месеци

Loading...
Сподели со своите пријатели

На глобалните пазари, цените на нафтата пораснаа за повеќе од 2,5 проценти минатата недела и продолжија да растат денес, бидејќи трговците стравуваат од прекини во снабдувањето на Блискиот Исток откако САД ги бомбардираа нуклеарните постројки на Иран во саботата.

Цената на барел на лондонскиот пазар порасна минатата недела за 3,6 проценти на 77,01 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 2,7 проценти на 73,84 долари.

Во понеделник наутро, цените дополнително пораснаа за повеќе од 2 проценти, достигнувајќи ги највисоките нивоа за пет месеци.

Тоа е последица на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако САД се вклучија во војната меѓу Израел и Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини

Во саботата, американските воени авиони бомбардираа три нуклеарни постројки во Иран, што треба да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.

Иран одговори со испукување повеќе ракети кон цели во Израел, што се заканува дополнително да го ескалира конфликтот на Блискиот Исток.

Трговците стравуваат за Ормутскиот теснец

Трговците стравуваат за пратките на нафта преку Ормутскиот теснец, низ кој дневно минуваат 18 милиони барели нафта, кондензат и гориво.

Вашингтон ја повика Кина да го спречи Иран да го затвори теснецот, низ кој минува околу 20 проценти од светската нафта.

Loading...

„Во сценарио каде Иран селективно го пресекува преминот Хормуз, цената на барел нафта би можела да се искачи над 100 долари“, рече Вивек Дар, аналитичар во Комонвелт Банката на Австралија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кац: Израелската армија моментално напаѓа цели во Техеран со невидена сила

Во изминатите десет дена, во кои продолжија ракетните напади меѓу Израел и Иран, цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за повеќе од 13 проценти, а на американскиот пазар за повеќе од 10 проценти.