Loading...
Амбасадорот на Кина во Обединетите нации, Фу Конг, во неделата на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека Кина „остро ги осудува нападите на САД врз Иран и бомбардирањето на нуклеарните постројки“ во таа земја.
„Апелираме за итен прекин на огнот. Кина е длабоко загрижена за ризикот ситуацијата да излезе од контрола“, рече кинескиот амбасадор, според Ал Џезира.
Тој истакна дека страните во конфликтот, особено Израел, треба веднаш да постигнат прекин на огнот за да се спречи „ескалација“ и „прелевање“ на војната, пренесува Танјуг.