Израелското Министерство за надворешни работи денес објави видео од ликвидацијата на командантот на единицата за пренос на оружје на Иранската револуционерна гарда.
„Бехнам Шахријари, командантот на Единицата за пренос на оружје на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и член на силите Кудс, беше убиен во прецизен напад на израелската армија (ИДФ) во западниот дел на Иран.
Шахријари беше одговорен за сите трансфери на оружје што иранскиот режим ги испраќа до своите групи низ целиот Блиски Исток со цел да ја спроведе стратегијата за уништување на Израел.“
„Тој го водеше трансферот на стотици милиони долари годишно до терористички организации“
Според Израел, тој исто така го водеше трансферот на стотици милиони долари годишно до разни терористички организации.
„Освен финансирањето, тој беше и клучна фигура во снабдувањето на тие групи со оружје, што доведе до смрт и ранување на бројни израелски цивили и војници.
Тој беше убиен на повеќе од илјада километри од израелската граница додека патуваше низ западен Иран.
„Неговата ликвидација претставува сериозен удар врз способноста на терористичките организации околу Израел да се реорганизираат и да се зајакнат по тешките загуби што ги претрпеа за време на војната“, соопшти израелското министерство.
🔴ELIMINATED: Behnam Shahriyari, commander of the Quds Force’s Weapons Transfer Unit in the IRGC, was eliminated in a precise IDF strike in western Iran.
Shahriyari was responsible for all weapons transfers from the Iranian regime to its proxies across the Middle East in order… pic.twitter.com/jKusiBTEJi
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) June 21, 2025