„Блумберг“: Америка се подготвува да го нападне Иран во наредните денови

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави Блумберг, повикувајќи се на добро информирани неименувани извори.

Изворите велат дека дипломатските разговори се во тек, вклучително и планираниот состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивните ирански колеги во Женева во петок.

Некои извори посочија дека е можно нападот на САД врз Иран да биде извршен во текот на викендот.

„Високи претставници во неколку федерални агенции, исто така, почнаа да се подготвуваат за напад“, рече еден извор.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во среда јавно разговараше за можен напад врз Иран, велејќи дека има „идеи што да прави“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските министри во петок со нивниот ирански колега за „нуклеарната програма“

Неколку часа претходно, Трамп рече: „Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам“, кога беше прашан дали нападот врз Иран е неизбежен.