Loading...
Четириесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.
– На 17.06.2025 во 19.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.В.(48) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 65-годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски