„Своевремено не тапкаа по рамо и ни велеа дека доколку се потпише Преспанскиот договор ќе бидеме рамноправна членка на НАТО и ЕУ, токму тие кои најмногу не тапкаа, денеска гледаме дека не блокираат,“ изјави Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
Одговарајќи на новинарски прашања, Димитриевски потсети на, како што рече, бројните рационални отстапувања што Македонија ги направила во минатото, но кои не резултирале со напредок.
Според него, несогласувањата меѓу Брисел и Софија создаваат дополнителна неизвесност за евроинтеграциите на земјата.
„Нашиот план е јасен, тој е соопштен во јавност, а ставовите уште појасни,“ нагласи тој, додавајќи дека не е доволно да се биде формален член на меѓународни институции ако државата се откажува од сопствените позиции.
„Џабе ви е членство во било која меѓународна институција ако самите себеси се поништувате – првин пред народот и државата, а потоа и пред меѓународната заедница.“
Димитриевски предупреди дека актуелната аполитичка елита не смее да дозволи отстапување од веќе усогласените ставови во рамки на парламентарното мнозинство.
„Очигледно дека некој мора во тој процес да попушти и да биде рационален и разумен, но Македонија во минатото правеше многу такви рационални попушатања и отстапувања,“ заклучи тој.
Никола Ивановски