Loading...
Израелскиот министер за одбрана изјави дека „граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа многу брзо“.
Коментарите следеа по уште една ноќ во која ирански ракети погодија цели во Израел.
Најмалку пет лица беа убиени во нападите врз најголемиот град во Израел.
На Х, министерот Израел Кац го нарече врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, „кукавички убиец кој извршува целни напади врз домовите на цивилите во Израел“, објави Скај њуз.