Шеесет лица, меѓу кои најмалку 20 деца, беа убиени во израелски напад врз станбена зграда во Техеран, објави репортер за иранската државна телевизија од местото на настанот.
Нападот наводно погодил 14-катна зграда во станбената област Шахрак-е Шахид Чамран во иранскиот главен град.
Телевизиските снимки покажуваат спасувачи и работници како отстрануваат урнатини од местото на несреќата.
„Меѓу загинатите има бебиња“
Репортер од терен изјави дека меѓу загинатите има бебиња на возраст од само шест месеци, додека телата на десет жртви се уште се под урнатините.
Претходно, амбасадорот на Иран во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, изјави дека најмалку 78 лица се убиени во израелските напади.
Не е познато дали жртвите од оваа зграда се вклучени во таа бројка.
60 Menschen, darunter 20 Kinder, wurden in der iranischen Stadt Shahid Chamran bei einem israelischen Angriff getötet.#IranIsraelConflict pic.twitter.com/MkjQU7O4gR
— 👑Мина👑 (@Mina7777Mina) June 14, 2025