Кремљ: НАТО е инструмент на агресија и конфликт

Сподели со своите пријатели

НАТО е „инструмент на агресија и конфликт“, објави Кремљ во понеделник, додека се очекува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да ги повика земјите-членки да ги зголемат своите капацитети за противракетна и воздушна одбрана за 400 проценти.

Loading...

– НАТО, откако ја отстрани маската, го покажува своето вистинско лице како инструмент на агресија и конфликт на секој можен начин – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг за медиумите.

Во меѓувреме, во говорот во Лондон, Руте ќе ги повика членовите на западната воена алијанса да го зголемат својот капацитет за воздушна и противракетна одбрана за дури 400 проценти, што е еден од приоритетите на претстојниот самит на НАТО во Хаг на крајот од месецот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на НАТО бара зголемување на капацитетот на воздушната одбрана за 400%

Руте сака членките на НАТО да поддржат нова цел за трошење за одбрана од 3,5 проценти од БДП до 2032 година и да се обврзат да трошат 1,5 проценти од БДП за пошироката област на безбедноста, вклучувајќи ја сајбер безбедноста и контролата на границите.

Со ова би се постигнала целта на американскиот претседател Доналд Трамп за издвојување на пет проценти од БДП за одбрана.

Руте минатиот месец изјави дека очекува договор за тие цели да биде постигнат на самитот на 24 и 25 јуни.

Во говорот во лондонскиот тинк-тенк „Чатам Хаус“, генералниот секретар ќе нагласи дека, за да остане кредибилно средство за одвраќање и одбрана, НАТО не само што треба да го зголеми своето издвојување за воздушна и противракетна одбрана за 400 проценти, туку мора да се опреми и со илјадници оклопни возила и тенкови и милиони артилериски гранати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на НАТО бара зголемување на капацитетот на воздушната одбрана за 400%

– Гледам како Русија сее терор од воздух во Украина, ние мора да го зајакнеме штитот што го брани нашето небо – ќе каже Руте во својот говор.

Loading...

„Факт е дека мора да направиме квантен скок во нашата колективна одбрана. Факт е дека мора да имаме повеќе сили и капацитети за целосно спроведување на одбранбените планови. Факт е дека опасноста нема да заврши дури ни кога ќе заврши војната во Украина“, се вели во нацрт-говорот.

Додека војната во Украина продолжува, европските земји се под притисок да трошат повеќе за одбрана, особено откако Трамп сигнализираше промена во политиката во врска со колективната одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на НАТО бара зголемување на капацитетот на воздушната одбрана за 400%

Неколку земји, како што е Велика Британија, веќе го прават ова и имаат намера да ја зголемат распределбата за одбрана од 2,3 проценти на 2,5 проценти од БДП до 2027 година и на три проценти во периодот по 2027 година.

Германија планира да го зголеми бројот на активни војници за 50.000 на 60.000, во согласност со новите цели на НАТО.

САД беа одговорни за 64 проценти од трошоците за одбрана на алијансата во 2024 година, а европските членки и Канада за 36 проценти, според извештајот, во кој исто така се наведува дека минатата година 22 од 32-те членки ја исполниле целта да трошат најмалку два проценти од БДП за одбрана.