Мал пожар избувна зад полициска барикада во центарот на Лос Анџелес во недела навечер по локално време, додека протестите против рациите за имиграција ескалираа.
Не е јасно кој или што го започнал пожарот, кој се разгоре на тротоарот додека локалната полиција на коњ бркаше неколку луѓе кои бегаа од местото на настанот.
Еден маж кој се обидуваше да избега се сопна и падна на средина од патот, по што веднаш беше опкружен од полицајци – некои пеш, некои на коњ.
Во моментот кога човекот стана и почна да оди, петарди експлодираа во близина, а еден полицаец го зграпчи и го собори на земја.
Еден полицаец удираше човек на земја со палка, а друг го прегазил со коњ.
Не е познато дали мажот е повреден и дали е меѓу 27-те лица кои беа уапсени за време на протестот.
LAPD used horses to stomp on a man on the ground pic.twitter.com/QqdC9rP3Hg
— Hear in LA (@hearinladotcom) June 9, 2025