Силен руски напад врз Украина, Полска ги крена бомбардерите

Сподели со своите пријатели

Русија ја нападна Украина со ракети во текот на ноќта, а сирени за воздушен напад беа вклучени низ целата земја, објавија украинските власти, пренесува Танјуг.

Loading...

Како што е наведено, силите за противвоздушна одбрана дејствуваа во Киев за време на нападот на руски беспилотни летала.

Деловна зграда во округот Дарница во украинската престолнина беше оштетена во напад од руски дрон, објави началникот на Киевскиот воен округ, Тимур Ткаченко, пренесува Укринформ.

„Како резултат на рускиот напад, оштетена е деловна зграда во округот Дарница. Службите работат на лице место. Го утврдуваме обемот на штетата. Се собираат информации“, напиша Ткаченко на Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човечко сафари во Херсон. Русите со дронови ловат и убиваат луѓе

Најголемиот удар од почетокот на војната

Украинските власти, исто така, објавија дека во текот на ноќта регионот Ривне доживеа најголем воздушен напад од почетокот на војната, а главниот удар беше врз градот Дубно.

„Денес, нашиот регион доживеа една од најтешките ноќи: десетици „маченици“ и ракети го нападнаа нашиот регион“, рече градоначалникот на градот Ривне, Александар Третјак.

Шефот на државната администрација на Ривнешката област, Александар Коваљ, потврди дека регионот бил погоден од силни воздушни напади и дека, според првичните информации, еден цивил е ранет.

Коваљ истакна дека силите за воздушна одбрана уништиле голем број непријателски цели над регионот.

Loading...

Полска ги крена авионите

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано во понеделник за да се обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна воздушни напади насочени кон западна Украина, во близина на границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили, објави Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците го нападнаа рускиот „институт за електронско војување“

„Преземените чекори имаат за цел да се обезбеди безбедноста во регионите што се граничат со ризичните области“, соопшти Оперативната команда на X.

Цела Украина беше под предупредување за воздушен напад од 2 часот наутро во понеделник откако украинските воздухопловни сили предупредија за руски ракетни и беспилотни летала напади.