Ќе се интензивира меѓуграничната соработка помеѓу општините Куманово и Гнилане (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и косовската Општина Гнилане во наредниот период ќе ја интензивираат својата меѓугранична соработка преку искористување на ИПА фондовите, а до крајот на годината ќе се направи и декларација за збратимување, најавија денес двајцата градоначалници Зоран Дамјановски и Људви Назири.

Носител на иницијатива на ИПА 2 проектите за меѓугранична соработка помеѓу Косово и Македонија е токму Гнилане. Негде средина на октомври и втората половина на октомври ќе биде одржана и регионална конференција на европската канцеларија токму во Гнилане каде Куманово ќе зеде учество на таа конференција со што ќе се реактивираат микро регионите по иницијатива на европската канцеларија и на тој начин ќе сме поблиску до сите овие проекти – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Како што истакна кумановскиот градоначалник тенденција е идната година оваа канцеларија да биде во Македонија, со што би се подобрила соработката на меѓудржавните региони.

Двајцата градоначалници најавија можност и за отворање на нов граничен премин Белановце – Станчиќ, но истиотото ќе може да се релизира кога Македонија ќе го заврши својот дел од патната инфраструктура.

 

Од косовска страна патот е завршен, чекаме од македонската страна. Тоа ќе биде голем бенифит не само за населението туку и за бизнисмените бидејќи многу се скратува патот – рече градоначалникот Назири.

Со отворање на новиот граничен премин патувањето кое сега е долго околу 90 километри би се намалило на 28, со што ќе може да се излезе во пресрет не само за зближување на двата народи, туку и за развој на туризмот и бизнис секторот.

Инаку Општина Куманово и Општина Гнилане договор за соработка имаат потпишано пред неколку години, но сега ќе се интензивира соработката.