Поранешната директорка на ООУ „11ти Октомври“ заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.С. (53), поранешен директор во ООУ „11-ти Октомври“-Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со продолжено кривично дело, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, пријавената, без да спроведе постапка за јавна набавка и прибирање на понуди од повеќе добавувачи на незаконски начин извршила набавка на 16 камери за видео надзор поставени на објектите во училиштето, еден ресивер и компјутерска опрема. По ова, доставените фактури во училиштето во висина од 159.820 денари незаконски ги исплатила од сметката на училиштето.