Кумановка приведена оти питачела со малолетното дете

Сподели со своите пријатели

Кумановка била приведена вчера откако полицијата и ја затекнала како питачи со нејзиното малолетно дете.

– На 06.06.2025 во 12.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Џ.З. од Куманово. Таа била затекната како питачи со нејзиното малолетно дете, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Џ.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од Куманово приведен додека крадел од угостителски објект