10 казни во три угостителски објекти во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно десет казни биле изречени на три угостителски објекти во Куманово при контролите на повеќе институции спроведени вчеравечер.

Loading...

– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 20.00 до 04.00 часот на 03/04.06.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на три угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово, информираат од кумановската полиција.

При контролата, како што посочуваат од СВР Куманово, извршено е легитимирање на 15 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се 7 глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се три глоби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се е подготвено за уште еден спектакуларен „Мото рок фест“ во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски