Седумдесет и петгодишен кумановец бил приведен вчеравечер затоа што се заканувал на извршителка и се однесувал агресивно.
Loading...
– На 03.06.2025 во 22.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(75) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и се заканувал на извршителка од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски